УТРО.мк

(Видео) ЖЕНА ИЗЛЕЗЕ ОД ПОРШЕ И ФРЛИ ЃУБРЕ ВО ЛЕПЕНЕЦ – Има ли крај на ароганцијата кон природата

(Видео) ЖЕНА ИЗЛЕЗЕ ОД ПОРШЕ И ФРЛИ ЃУБРЕ ВО ЛЕПЕНЕЦ – Има ли крај на ароганцијата кон природата
Vero

На социјалните мрежи и во јавноста се појави шокантно видео на кое се гледа како жена со возило марка „порше“ застанува на мостот на реката Лепенец и ладнокрвно фрла кеса со отпад директно во речното корито.

Снимката предизвика остри реакции и револт кај граѓаните, особено поради фактот што локацијата е точно кај устието каде Лепенец се влева во Вардар. Наместо отпадот да биде одложен на соодветно место, несовесното однесување уште еднаш ги отвори прашањата за заштитата на животната средина и еколошката свест на поединци кои управуваат со скапи автомобили, а се однесуваат арогантно и неодговорно кон природата.

Извор: Вечер.мк

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin