
Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски покренува лична иницијатива за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на наставата во сите осум општински основни училишта.
Тој најави дека иницијативата официјално ќе ја предложи до Советот на Општина Бутел и до училишните одбори на сите осум основни училишта, каде што, како што наведе, очекува да добие широка поддршка.
„Училиштето е место за знаење, внимание, дружење и развој. За време на часот, фокусот треба да биде на наставникот и наставата, а не на екранот. Ова не е борба против технологијата. Ова е одлука во корист на нашите деца. Помалку екран. Повеќе внимание. Подобро образование“, напиша Костовски во објава на својот профил на Фејсбук.

















