УТРО.мк

(Фото) СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА ОВА ГЛАСАЧКО ЛИВЧЕ ШТО НИ ЈА ПРОМЕНИ ИСТОРИЈАТА

(Фото) СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА ОВА ГЛАСАЧКО ЛИВЧЕ ШТО НИ ЈА ПРОМЕНИ ИСТОРИЈАТА
Vero

Парче хартија што ја запечати судбината и го трасираше патот кон независна, суверена и самостојна Македонија за првпат излезе од строгите архивски депоа и е претставено пред македонската јавност.

Државниот архив на Македонија, ексклузивно за МИА, ги отвори своите трезори и премиерно го објави оригиналното референдумско гласачко ливче од 8 септември 1991 година, заедно со автентичните записници од избирачките места и комплетната доверлива документација за организацијата на историското изјаснување на граѓаните.

Директорот на Архивот, Димитар Богески, открива дека овие историски документи детално го прикажуваат државотворниот мозаик и правната рамка низ која се раѓаше македонската државност во услови на драматични и бурни геополитички промени во регионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin