УТРО.мк

Николоски: Македонија гради пет автопати истовремено, наскоро започнува и шестиот

Николоски: Македонија гради пет автопати истовремено, наскоро започнува и шестиот
Vero

Македонија во моментов реализира пет автопатски делници истовремено, а наскоро се очекува да започне изградбата и на шестиот автопат, Букојчани-Кичево. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека Коридорот 8 досега не се градел со ваква динамика, посочувајќи дека земјава во моментов реализира инфраструктурни проекти од голем обем, какви што, според него, не се реализираат истовремено во ниту една друга држава во регионот.

Вицепремиерот во интервју за ТВ Сител зборуваше за текот на работите на дел од автопатските делници, за роковите на изведба и за идните планирани проекти. На автопатот Кичево – Букојчани или популарната „Стража“, работите според Николоски се одвиваат со одлична динамика, а рокот на изведба се очекува да биде до крајот на 2029 година.

-Работите на авотопатот Гостивар – Кичево одат добро, таму е рокот крај на 2029 година, и ако треба денеска да кажам прогноза, мислам дека ќе се испочитува. Тоа е најтешката делница, популарната „Стража“, a со ова решение целосно ја заобиколуваме. Станува збор за еден тежок потфат, прв автопат кој што се работи од двете страни, нешто што Македонија досега го нема видено- рече Николоски.

Планираната автопатска делница од Букојчани до Кичево, како што кажа, ќе биде шеста автопатска делница која оваа Влада започнува да ја работи.

-Во текот на оваа недела ќе биде изборот на изведувач, го работиме заедно со Европската банка за обнова и развој. Тие ја прават евалуацијата на понудите. Има три понудувачи, па ќе видиме кој ќе има најдобра понуда. Се надевам дека до крајот на септември, почеток на октомври и таму ќе имаме вовед во работа и тоа ќе биде шестиот автопат којшто истовремено го градиме во државата- истакна Николоски.

Тој исто така зборуваше и за текот на работите на автопатот Кичево-Охрид, каде според него во октомври годинава ќе се пушти во употреба најкомплицираната делница, а тоа се тунелите кај Пресека.

-Согласно динамиката, во октомври оваа година ќе го пуштиме најтешкиот дел, тоа се тунелите кај Пресека, кои што се најдолги тунели во државата и галериите, а во првото тримесечие следната година, во зависност од временските прилики, ќе го пуштиме целиот автопат- потенцира Николоски.

Како следни планирани проекти ги посочи ескпресните патишта Кочани-Виница-Делчево-граница со Бугарија и Радовиш-Струмица-Ново Село-граница со Бугарија, кои во моментов се проектираат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin