
Тежок инцидент ја потресе германската Џудо Бундеслига откако грузискиот натпреварувач Акаки Јапаридзе, кој настапува за JC Leipzig, по завршувањето на мечот физички го нападнал својот противник Тимо Кавелиус од TSV Abensberg.
24-годишниот Јапаридзе го загубил дуелот од германскиот олимписки репрезентативец, но веднаш потоа, наместо спортски поздрав, следувале три силни удари со тупаница во лицето.
Кавелиус завршил во болница со скршена вилица и два изгубени заба, а истата вечер бил и опериран во Универзитетската клиника во Лајпциг.
Нападот се случил веднаш по завршувањето на мечот
Инцидентот се случил во саботата, 5 септември, за време на натпревар од германската Џудо Бундеслига меѓу JC Leipzig и TSV Abensberg.
Кавелиус го добил дуелот, а непосредно по завршувањето на борбата Јапаридзе тргнал кон него и трипати го удрил со тупаница.
Според германските медиуми, пред нападот Кавелиус направил победнички гест кој бил протолкуван како провокативен, но тоа на никаков начин не ја оправдува физичката пресметка по завршен спортски меч.
Кавелиус морал на операција
Последиците биле сериозни.
29-годишниот Германец претрпел фрактура на вилицата и изгубил два заба. Веднаш бил пренесен во болница и опериран уште истата вечер.


















