
Необично видео кружи на социјалните мрежи, на кое робот се обидува да ѝ ја земе чантата на повозрасна жена и да избега.
Откако ја зграпчува чантата, роботот тргнува по улицата, но по само неколку чекори се сопнува на работ од тротоарот, паѓа на земја и практично се распаѓа на делови.

Бабата, наместо да се исплаши, мирно му приоѓа, ја зема својата чанта и за крај неколкупати го удира роботот со бастунот.
Снимката предизвика бројни реакции и шеги на интернет, а дел од корисниците се сомневаат дека станува збор за наместена или монтирана сцена.
Како и да е, видеото брзо стана вирално – а „кражбата на иднината“ заврши уште на првиот тротоар.

















