
Од полноќ, на 8 септември 2026 година, стапуваат на сила нови, повисоки максимални малопродажни цени на нафтените деривати во земјава.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 3 денари по литар и од утре ќе се продава по максимална цена од 97 денари за литар.
За 3 денари поскапува и ЕУРОСУПЕР БС-98, чија нова максимална цена ќе изнесува 99 денари за литар.
Најголем раст има кај дизел-горивото. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 6 денари за литар, па новата максимална малопродажна цена ќе биде 101 денар за литар.
Поскапување од 8 денари за литар има и кај екстра лесното масло за домаќинство – ЕЛ-1, кое од утре ќе чини најмногу 105 денари за литар.
Мазутот М-1 НС поскапува за 1,591 денар за килограм, со што новата максимална цена ќе изнесува 46,001 денар за килограм.
<strong>Нови максимални цени од 8 септември:</strong>
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 97 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 99 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 101 денар/литар
- ЕЛ-1 – 105 денари/литар
- Мазут М-1 НС – 46,001 денар/килограм
Новите цени ќе важат од 00:01 часот на 8 септември 2026 година.

















