УТРО.мк

Пожар во центарот на Скопје, приведена жена осомничена за негово предизвикување

Пожар во центарот на Скопје, приведена жена осомничена за негово предизвикување
Vero

Педесет и едногодишна скопјанка е лишена од слобода поради сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, 6 септември, околу 13:05 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Ш.И. (51) од Скопје.

Според пријавеното, постојат основи на сомнение дека жената со запалива материја предизвикала пожар, при што била опожарена поголема тревна површина со дрвја. Во пожарот биле зафатени и две бандери.

Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin