УТРО.мк

Трагедија кај Свети Николе: 19-годишна девојка загина откако излетала со автомобил од патот

Трагедија кај Свети Николе: 19-годишна девојка загина откако излетала со автомобил од патот
Vero

Уште една жртва на македонските патишта. Деветнаесетгодишна девојка од светиниколското село Црнилиште го загубила животот во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на локалниот пат меѓу селата Пиширово и Црнилиште.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе. Девојката, Т.Д. (19), управувала патничко возило „Сеат“ со светиниколски регистарски ознаки, кога од засега непознати причини излетала од патот.

Од здобиените повреди, таа починала на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе. Причините и околностите под кои дошло до несреќата дополнително се утврдуваат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin