УТРО.мк

Двајца напаѓачи од мотор пукале кон петчлена група во Скопје, 26-годишник почина

Двајца напаѓачи од мотор пукале кон петчлена група во Скопје, 26-годишник почина
Vero

Трагичен вооружен напад се случил синоќа во Скопје, при што 26-годишен скопјанец бил погоден со огнено оружје и подоцна починал во болница.

Според првичните официјални информации од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 6 септември околу 23:30 часот, во близина на крстосницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.

Во моментот на нападот, пет лица од Скопје – Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26) – стоеле пред излог на фирма.

Тогаш пред нив застанал мотоцикл на кој имало две лица. Напаѓачите отвориле оган од огнено оружје кон групата, а потоа веднаш побегнале од местото.

Еден од истрелите го погодил 26-годишниот А.М. Тој бил преземен од екипа на Итната медицинска помош и итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

И покрај укажаната медицинска помош, младиот скопјанец им подлегнал на повредите.

Од МВР засега нема дополнителни информации дали сторителите се идентификувани. Не е соопштен ниту можниот мотив за вооружениот напад.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со убиството.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin