УТРО.мк

Трагедија на патот Крива Паланка – Куманово: 50-годишен мотоциклист загина

Трагедија на патот Крива Паланка – Куманово: 50-годишен мотоциклист загина
Vero

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчера попладне на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во близина на селото Градец.

Според првичните информации, во несреќата учествувал мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од 50-годишниот М.Н. од Неготино. Од засега непознати причини, мотоциклот излетал од коловозот и удрил во банкина.

Од силниот удар, мотоциклистот се здобил со тешки повреди и починал на местото на несреќата.

Случајот бил пријавен во ОВР Крива Паланка, по што полициска екипа извршила увид на местото и биле преземени мерки за утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.

Дополнителните информации за трагичниот настан се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin