УТРО.мк

Прекинато водоснабдување во дел од Битола поради дефект – без вода зградите „Ремо“, „Васко Карангелевски“ и „Веро“

Прекинато водоснабдување во дел од Битола поради дефект – без вода зградите „Ремо“, „Васко Карангелевски“ и „Веро“
Vero

Поради дефект на водоводна цевка ПВЦ Ф-160, денеска, 7 септември 2026 година, ќе биде прекинато водоснабдувањето за дел од корисниците во Битола.

Од ЈКП „Водовод“ – Битола информираат дека без вода ќе останат корисниците од зградите „Ремо“, на улицата „Васко Карангелевски“ со броеви 64 и 85, како и објектот „Веро“.

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување на активностите за санација на дефектот.

Од претпријатието посочуваат дека при изведувањето на работите можно е да дојде до оштетување на велосипедската патека. По завршувањето на санацијата, патеката ќе биде вратена во првобитната состојба.

Од ЈКП „Водовод“ им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin