УТРО.мк

Гром удрил во стадо на Јакупица: Десетици овци угинале, голема штета за сточар од Чашка

Гром удрил во стадо на Јакупица: Десетици овци угинале, голема штета за сточар од Чашка
Vero

Голема загуба претрпел 37-годишен сточар од Горно Јаболчиште, Општина Чашка, откако гром удрил во неговото стадо на планината Јакупица и усмртил 95 овци.

Несреќата се случила на 2 септември околу 19:30 часот, за време на невремето што го зафатило поширокиот велешки регион. Според информациите од полицијата, громот удрил во стадото на околу 500 метри под врвот Солунска Глава.

За среќа, во моментот на ударот во тој дел од планината не се наоѓале сточарот и поголемиот дел од стадото.

Од СВР Велес информираат дека во настанот угинале 95 овци сопственост на Т.У. (37) од Горно Јаболчиште.

Стадото броело околу 1.200 овци, а по несреќата сопственикот го известил и инспекторот од Агенцијата за храна и ветеринарство.

На надморска височина од околу 2.500 метри бил извршен увид од екипа на СВР Велес и инспектор од АХВ.

Се преземаат соодветни мерки за утврдување на сите околности поврзани со угинувањето на животните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin