УТРО.мк

Проданоски: Запуштените површини во Прилеп ги претвораме во места за игра и спорт

Проданоски: Запуштените површини во Прилеп ги претвораме во места за игра и спорт
Vero

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.

Тој најави и дополнително уредување на овој дел од градот, каде што е планирана изградба на мултифункционално спортско игралиште.

„Овој простор добива нов лик, но продолжуваме понатаму и веќе нарачавме проект за изградба на мултифункционално спортско игралиште на просторот што го расчистивме“, истакна Проданоски.

Според градоначалникот, целта е просторот да се развие во место за спорт, рекреација и дружење, со подобри услови за децата и жителите на населбата.

„Запуштените површини ги претвораме во уредени места за игра, спорт и рекреација“, порача Проданоски, најавувајќи продолжување на активностите за уредување на Прилеп и подобрување на условите за најмладите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран