УТРО.мк

Од десна рака на Рама до обвиненија за корупција: Тендери, имот и перење пари во случајот „Балуку“

Од десна рака на Рама до обвиненија за корупција: Тендери, имот и перење пари во случајот „Балуку“
Vero

Албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал – СПАК, на 20 октомври ѝ ги соопшти конечните обвиненија за пет кривични дела на поранешната вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

Според обвинителството, Балуку се товари за нарушување на еднаквоста на учесниците во јавни тендери во девет случаи, пасивна корупција на лица што вршат јавни функции, пасивна корупција на високи државни функционери, непријавување, прикривање или лажно пријавување имот, како и перење пари.

Дел од делата, според СПАК, биле извршени во соучесништво и повеќепати, додека обвиненијата поврзани со пријавувањето на имотот се однесуваат на два случаи.

Балуку беше една од највлијателните личности во владата на премиерот Еди Рама. Тој ја разреши од вицепремиерската функција во февруари, откако истрагата за јавните тендери предизвика опозициски протести.

Поранешната вицепремиерка ги негира обвинувањата. Нејзината евентуална кривична одговорност треба да биде утврдена во судска постапка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран