УТРО.мк

Со службени возила пренесувале огревно дрво до домовите, кривична пријава за двајца вработени во „Национални шуми“

Со службени возила пренесувале огревно дрво до домовите, кривична пријава за двајца вработени во „Национални шуми“
Vero

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против двајца жители на Свети Николе, на возраст од 45 и 40 години, поради сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавените биле вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Свети Николе, а на 25 мај годинава, за време на неработни денови, неовластено ги користеле службените возила за лични потреби.

Првопријавениот, кој бил вработен како референт за превоз, и второпријавениот, кој работел како ракувач со градежна машина, наводно го користеле службениот трактор и теренското возило.

Со возилата, според пријавата, пренесувале огревно дрво од реонот на Шумско-стопанската единица „Ѓуриште“ до нивните домови во Свети Николе.

За случајот е поднесена кривична пријава до надлежните органи, соопшти МВР.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin
Green Machines

Најнови вести

Ilirika
MegaWin
MegaWin