УТРО.мк

Кисела Вода ќе ги награди најдобрите ученици и спортисти од основните училишта

Кисела Вода ќе ги награди најдобрите ученици и спортисти од основните училишта
Vero

Општина Кисела Вода распиша јавен повик за доделување награди на талентирани ученици и спортисти од основните училишта на нејзина територија. Овој повик претставува признание и стимул за учениците кои постигнале значајни резултати во образованието, културата, науката и спортот.

Според повикот, најдобрите ученици ќе добијат финансиска поддршка, а изборот ќе се врши на објективен и транспарентен начин од страна на мешовити комисии составени од претставници на советите на родители, наставнички совети и општинската администрација. Селекцијата ќе се спроведе согласно правилниците донесени од Советот на општината.

„Кисела Вода изобилува со талентирани ученици, на што сме особено горди. Ова е начин да ги поддржиме нивните успеси и да ги охрабриме да продолжат по патот на знаењето и спортот“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Јавниот повик е објавен на веб-страницата на општината и ќе трае пет дена од објавувањето. Дополнително, информациите се достапни и на огласните табли на сите воспитно-образовни установи во општината, како и на социјалните мрежи на Општина Кисела Вода.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите се повикани да аплицираат. Апликацијата и потребните документи може да се преземат од овој линк.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран