УТРО.мк

Градоначалникот Ѓорѓиевски со честитка за јубилејот на Градската библиотека

Градоначалникот Ѓорѓиевски со честитка за јубилејот на Градската библиотека
Vero

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати честитка по повод јубилејот на ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, која годинава одбележува 80 години од своето основање. Тој нагласи дека историјата на библиотеката, започната во 1945 година, е нераскинливо поврзана со развојот на Скопје и Македонија.

Библиотеката денес располага со четири централни објекти, 14 подружници и подвижната библиотека – Библиобусот, што создава широка и достапна мрежа за читателите од сите возрасти, истражувачите и љубителите на културата. Според Ѓорѓиевски, токму оваа поставеност овозможува постојана комуникација со јавноста и ја осилува улогата на библиотеката како едно од најзначајните културни средишта во градот.

Градоначалникот сподели и лично искуство, потсетувајќи на повторното отворање на библиотеката во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во 2024 година. Клонот „13 Ноември“, кој по 11 години пауза повторно заживеа, денес е активен пункт посетуван од деца и млади и центар на бројни работилници и активности. Посебно ја истакна соработката со Државниот училишен центар за слепи и слабовидни „Димитар Влахов“, со кој е создаден фонд книги на Брајово писмо – пример за инклузија и заедништво.

Ѓорѓиевски порача дека знаењето и стручноста што постојат во Градската библиотека мора да продолжат да бидат во служба на современото општество.

„Во време кога се оддалечуваме од книгата и читањето, кога децата сè помалку го чувствуваат мајчиниот јазик, библиотеките се острови на надеж,“ нагласи тој, додавајќи дека тие се темелот без кој нема култура ниту иднина.

Градоначалникот заврши со порака дека обврската на институциите и општеството е да ја негуваат културата на читање и културата на паметење.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран