Автобус на ЈСП утрово се запали додека сообраќаше по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје. Според информациите од МВР, во моментот на инцидентот во возилото немало патници, а возачот успеал навреме да излезе и не е повреден.
Пожарот е локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, кои брзо интервенирале и го спречиле неговото ширење. Причините за запалувањето засега не се познати, а надлежните најавуваат увид за утврдување на причините за настанатиот дефект.























