УТРО.мк

33 ДЕЧИЊА ВО БРЕТЕН (ГЕРМАНИЈА) ГО НЕГУВААТ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК: УСПЕШЕН УШТЕ ЕДЕН ЧАС ВО VHS BRETTEN

33 ДЕЧИЊА ВО БРЕТЕН (ГЕРМАНИЈА) ГО НЕГУВААТ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК: УСПЕШЕН УШТЕ ЕДЕН ЧАС ВО VHS BRETTEN
Vero

Во културниот центар vhs Bretten денес владееше весела атмосфера – вкупно 33 деца присуствуваа на наставата по македонски јазик, во организација на македонската заедница во Баден-Виртемберг. Часот го водеше наставничката Кети Милчева, која со многу посветеност, креативност и енергија низ активна и забавна метода ги воведе дечињата во светот на мајчиниот јазик.

Малите ученици преку пишување, читање, игри и креативни проекти го совладуваа наставниот материјал, а атмосферата, исполнета со детска енергија и насмевки, дополнително ја збогатија и позитивните реакции на родителите.

Организаторите истакнуваат дека интересот за часовите постојано расте, што ја докажува силната потреба и желба на македонската дијаспора да го зачува јазикот, културата и идентитетот.

Од здружението упатуваат голема благодарност до родителите за довербата и поддршката, со повик дека сите кои сакаат да се приклучат се добредојдени, бидејќи има место за нови учесници.

Наставата продолжува и во наредните недели, а македонската заедница во Бретен уверува дека ќе продолжи да создава безбедно, образовно и инспиративно опкружување за најмладите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран