УТРО.мк

БИТИЌИ: СДСМ изгуби зошто „стана повеќе клиентелистичка отколку вредносна

БИТИЌИ: СДСМ изгуби зошто „стана повеќе клиентелистичка отколку вредносна
Vero

Поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи за „Трилинг“ оцени дека поразот на СДСМ на парламентарните избори се должи на внатрешна неорганизираност, занемарување на идеолошката матрица и на тоа што партијата „станала повеќе клиентелистичка отколку вредносна“.

На прашањето за евентуален судир помеѓу партиското раководство и пратеничката група, Битиќи истакна дека отворен конфликт нема, но дека постојат моменти на несогласување. „Јас понекогаш знам да бидам гласноговорник на несогласувањата, и тоа е убавината на СДСМ. Но преку разговори секогаш наоѓаме заеднички јазик за да ги претставиме интересите и вредностите на партијата“, рече тој.

Во однос на локалните избори, Битиќи посочи дека резултатите биле очекувани поради ниската излезност. „Ако ваков резултат се повтори на парламентарни избори, тоа е загрижувачки. Ова е моментот за сериозни концепциски промени во партијата, ако сакаме СДСМ да се врати таму каде што ѝ е местото – да владее со државата“, нагласи поранешниот вицепремиер.

Тој истакна дека реформите во партијата се неизбежни и мора да бидат длабоки. „Реформите не се само име и презиме. Тие значат целосно внатрешно реконфигурирање на начинот на кој функционира СДСМ“, додаде Битиќи.

Извор: Вечер.мк

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран