УТРО.мк

ВМРО-ДПМНЕ го разреши Стоилев од функцијата претседател на Општинскиот комитет Свети Николе

ВМРО-ДПМНЕ го разреши Стоилев од функцијата претседател на Општинскиот комитет Свети Николе
Vero

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Илија Стоилев е разрешен од функцијата претседател на Општинскиот комитет во Свети Николе. Одлуката била донесена на синоќешната седница на Централниот комитет, по скандалот со злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Партијата информира дека разрешувањето следи по откритијата на Обвинителството, според кои директорот на Агенцијата, Стоилев, е осомничен за примање поткуп. Во акцијата, по претреси на повеќе локации низ земјата, биле приведени пет лица. Обвинителството наведе дека иако фирмата на првоосомничениот не ги исполнувала условите за средства од ИПАРД-програмата, директорот потпишал договор по ветување за подарок од 50 илјади евра. При претрес кај него биле пронајдени и одземени 400 евра.

На седницата бил разрешен и Гоце Стоиловски од местото претседател на Општинскиот комитет во Македонска Каменица, каде што ВМРО-ДПМНЕ ги загуби локалните избори, а градоначалничката позиција ја презеде кандидат на СДСМ.

Главен дел од состанокот бил посветен на подготовките за партискиот Конгрес што ќе се одржи на 6 декември во Кавадарци. Била донесена одлука за избор на над 800 делегати кои ќе учествуваат на Конгресот, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски добил овластување да ја утврди конечната листа согласно статутот. Формиран е и организациски одбор за подготовка на настанот.

Од партијата оценуваат дека резултатите од последните локални избори претставуваат убедлива и историски висока победа, што ја гледаат како обврска за исполнување на ветувањата кон граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран