САД испратија јасна порака до Србија во врска со компанијата НИС, барајќи целосна промена на сопственоста од страна на руските акционери. Ова денеска го изјави српската министерката за енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, истакнувајќи дека американската администрација недвосмислено бара излез на руската сопственост од компанијата.
„На барањата на адвокатите на НИС, кои понудија договор за промена на управувањето, САД јасно рекоа дека сакаат целосна промена на сопственоста на руските акционери“, изјави Ѓедовиќ Хандановиќ.
Таа додаде дека САД инсистираат зад новите сопственици да не се кријат ниту руски соработници на Газпром, ниту руската влада. Иако е добиено одобрение за преговори за сопственост со важност до 13 февруари, тоа не значи дека НИС и Рафинеријата можат да продолжат со работа како досега.
Владата на Србија утре ќе одржи состанок за да ја разгледа информацијата, на кој се поканети сите директори на јавните претпријатија.





![[ВИДЕО] Автомобил удрил во група луѓе во Белград – има загинати и повредени!](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/screenshot-2025-11-14-133322.png&w=640&q=75&we)

















