При слетување на спортскиот аеродром Биковац вчера околу 17:00 часот, се урна спортски авион со двајца членови на екипажот, соопшти Полициската управа во Суботица.
При падот, едно лице загина, а другиот член на екипажот се здоби со тешки телесни повреди, потврди Основното јавно обвинителство во Суботица. Според информациите, копилотот З.С. (30) од Баиша го загубил животот, додека пилотот К.Ф. (24) од Бајмок е примен во болница со повеќекратни скршеници и се наоѓа во тешка состојба.
На местото на несреќата интервенирале полициски и противпожарни екипи. Засега причината за падот на авионот не е позната, а истрагата е во тек.





![[ВИДЕО] Автомобил удрил во група луѓе во Белград – има загинати и повредени!](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/screenshot-2025-11-14-133322.png&w=640&q=75&we)

















