УТРО.мк

Македонија и Унгарија ја зацврстија билатералната енергетска соработка

Македонија и Унгарија ја зацврстија билатералната енергетска соработка
Vero

На петтата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, двете земји ги потврдија заедничките стратешки приоритети во енергетиката и заложбата за регионална стабилност и сигурност на снабдувањето со енергија.

Делегацијата на македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, предводена од државниот секретар Горан Јовановски, усогласи со унгарските експертски тимови стратешки точки за унапредување на енергетската инфраструктура, ефикасност и иновации. На крајот на седницата беше потпишан протокол кој ги дефинира заедничките цели и активности во енергетиката.

„Соработката во енергетиката останува клучен столб на нашите односи. Ја потврдивме важноста на непрекинато снабдување со природен гас и поддршка за инфраструктурни проекти кои ја зголемуваат сигурноста и отпорноста на нашите енергетски системи. Обезбедувањето сигурна и одржлива енергетска иднина е заедничка одговорност“, истакна Јовановски.

Македонската делегација оствари и билатерални средби со претседавачот на Мешовитиот комитет Петар Старај и со заменик-државниот секретар на унгарското Министерство за енергетика Петар Холица, на кои беше нагласена заложбата за развој на инфраструктурата, подобрување на енергетската ефикасност и модернизација на системите за производство на електрична енергија.

„Размената на добри практики и експертиза во работењето на пазарот на електрична енергија е клучна. Охрабрени сме од напредокот во техничкиот дијалог за геотермална енергија. Модернизацијата на РЕК Битола, особено со суви или хибридни системи за ладење, е област каде соработката може да донесе реални придобивки. Продлабочената соработка помеѓу HUPX и MEMO ќе ја олесни интеграцијата на пазарите и развојот на капацитетите, промовирајќи транспарентно и ефикасно работење на електроенергетскиот пазар во регионот“, додаде Јовановски.

Седницата покажа дека соработката меѓу двете земји не се ограничува само на протоколи, туку се заснова на доверба, експертиза и визија за одржлива енергетска иднина, која ќе обезбеди сигурност и просперитет за целиот регион.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран