УТРО.мк

Николоски: Во декември ќе бидат избрани изведувачите за автопатите Скопје–Блаце и Кичево–Букојчани

Николоски: Во декември ќе бидат избрани изведувачите за автопатите Скопје–Блаце и Кичево–Букојчани
Vero

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, во интервју за ТВ Алсат најави дека во првата половина од декември ќе бидат избрани изведувачите за изградба на автопатите Скопје–Блаце и Кичево–Букојчани. Според него, постапката за избор е во завршна фаза, а за двата проекти пристигнале најмалку по три понуди што се вклопуваат во предвидениот буџет.

„Рокот за доставување понуди заврши и пристигнаа сериозни апликации. За автопатот Скопје–Блаце најмалку три понуди се во рамки на буџетот, исто така и за Кичево–Букојчани. Проектот Скопје–Блаце го вративме во нормала – наместо 27 милиони евра по километар, сега е во рамки на договорената цена со ЕБОР. Очекувам во декември да избереме изведувач, а работите да почнат веднаш штом тоа го дозволат временските услови“, изјави Николоски, додавајќи дека рокот за изградба е две и пол години.

Тој најави и активности на други клучни проекти од Коридорот 8. Во тек е подготовка на проект за целосна реконструкција и рехабилитација на скопската обиколница, која се протега од Арачиново до Ѓорче Петров.

Продолжуваат и работите на автопатите Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани. „На Стража, проект долг 33 километри, првите 17 километри веќе се пробиени. Од пролет ќе се работи и од страната на Букојчани. Овој автопат ќе биде првиот кој ќе се спои на средина“, истакна вицепремиерот.

Николоски додаде дека во првата половина на декември ќе бидат пуштени во употреба и нови делници од автопатот Кичево–Охрид.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран