УТРО.мк

Задолжителна зимска опрема во возилата до 15 март: АМСМ со препораки за безбедно возење

Задолжителна зимска опрема во возилата до 15 март: АМСМ со препораки за безбедно возење
Vero

Од денеска стартува законската обврска за задолжително носење зимска опрема во сите моторни возила, која ќе трае до 15 март, соопшти Авто Мото Сојузот на Македонија. Мерката важи без разлика на актуелните временски услови и има за цел да ја зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот во зимскиот период.

АМСМ информира дека сообраќајот на патиштата моментално се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензитет на движение надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

Возачите се повикуваат да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде што често се јавуваат одрони. Како критични патни правци се наведуваат: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ апелира зимската опрема да биде навреме подготвена, со цел поголема безбедност и избегнување незгоди во претстојниот зимски период.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран