Од коалицијата Влен велат дека она што денес се случува на албанската политичка сцена не е оставка, туку е колапс.
„Тоа е колапс на зграда изградена со измама, импровизација и игри зад грбот на граѓаните. Со повлекувањето на Кренар Љога, по заминувањето на Мендух Тачи, по паниката во ДУИ и троглавото молчење на Ахмети-Таравари-Села веќе осум дена, стана сосема јасно: НАИ повеќе не постои. Згасна, се раствори и остана само како сенка од себе.
Оние што некогаш се претставуваа како спасители на Албанците, денес немаат храброст да дадат ниту изјава. Нивното молчење не е тактика, туку капитулација. ДУИ се обиде да продаде „реформа“ со Блерим Беџети, но граѓаните се уморни од старото пакување со нова хартија. Кој и да се обиде да го врати неуспешниот како спасител, само докажува дека останал без идеи, без луѓе и без политичко лице.
Падот на НАИ е најголемиот доказ дека 20-годишната кула на измама се урива камен по камен. Албанскиот народ повеќе не прифаќа игри. Тие повеќе не прифаќаат етикети, навреди и закани. Албанците на нивниот „референдум“ го запечатија конечното ослободување.
ВЛЕН повторува: Ние сме тука, силни, обединети и со целосен легитимитет. Тие ја напуштаат сцената, ние влегуваме во ерата на одговорност. Тоа е крај на лагите и почеток на вистинска работа“, велат од Влен.























