УТРО.мк

Забрана за фрлање отпад ноќе во Скопје: нова мерка за поефикасно празнење на контејнерите

Забрана за фрлање отпад ноќе во Скопје: нова мерка за поефикасно празнење на контејнерите
Vero

Градските власти воведуваат ново правило според кое граѓаните на Скопје нема да смеат да фрлаат отпад во контејнерите во периодот од 22:00 до 06:00 часот. Непочитувањето на мерката ќе се санкционира со казна од 50 евра.

Од Градот објаснуваат дека новата забрана има за цел да овозможи поефикасно празнење на контејнерите, да се спречи натрупување отпад и да се намали создавањето депонии околу нив.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, истакна дека оваа пракса е преземена од големи светски метрополи. „Во Истанбул отпадот се фрла само 15 минути пред пет часот наутро. Во Токио, секој камион за различен вид отпад има строго утврден распоред. Очекувам дека и кај нас оваа мерка ќе стане уште поуспешна кога ќе се постават контејнери за селекција“, рече тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран