УТРО.мк

Скопје воведува ноќна забрана за изнесување ѓубре: казна 50 евра за прекршителите

Скопје воведува ноќна забрана за изнесување ѓубре: казна 50 евра за прекршителите
Vero

Советот на Град Скопје усвои нова одлука со која се воведува целосна ноќна забрана за изнесување смет во контејнерите. Од 22 до 6 часот граѓаните повеќе нема да смеат да фрлаат отпад, а за непочитување на правилата предвидена е казна од 50 евра.

Од градските власти велат дека мерката има за цел поефикасно празнење на контејнерите и намалување на создавањето диви депонии, особено во населби каде отпадот често се собира околу корпите.

Претседателот на Советот, Даме Димитровски, истакна дека мерката е инспирирана од практиките во големите светски метрополи.

– Во Истанбул, на пример, постои ограничување на времето за фрлање ѓубре, додека во Токио секој вид отпад има точно определено време за собирање, изјави Димитровски. Тој додаде дека ефектот од мерката ќе биде уште поголем со воведувањето на селективни корпи за отпад.

Градот најави дека воведувањето на селективни корпи ќе биде следниот чекор во реформата на управувањето со отпадот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран