УТРО.мк

Нов удар од ЕУ за нарачките од ТЕМУ

Нов удар од ЕУ за нарачките од ТЕМУ
Vero

Советот за економски и финансиски прашања на Европската Унија предложи промена на регулативата за царини, со која би се укинало сегашното правило за ослободување од царински давачки за стоки од трети земји со вредност до 150 евра. Доколку предложените измени бидат усвоени, секоја нарачка од платформи како Тему, Шеин или АлиЕкспрес ќе подлежи на царина, без разлика на вредноста на пратката.

Министрите за финансии на земјите членки оцениле дека мерката треба да стапи во сила што е можно побрзо, со цел новите правила да се применуваат веќе во 2026 година. Во моментов, граѓаните на ЕУ не плаќаат царина за нарачки до 150 евра, што според Европската комисија, во 2024 година се однесувало на 65% од 4,6 милијарди пратки во Унијата, од кои 91% биле од Кина.

Советот образложува дека укинувањето на привилегијата ќе создаде еднакви услови за европските и странските трговци на мало, ќе намали нелојалната конкуренција и ќе помогне во справувањето со еколошките предизвици предизвикани од огромниот број мали пратки. Првично, ова правило требаше да се воведе по пуштањето во употреба на новиот централен дигитален Царински центар на ЕУ во 2028 година, но забрзаниот раст на увозот преку кинеските платформи го одложи неговото спроведување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран