Тешка семејна трагедија ја потресе Бабушница, откако вчера во селото Завидинце беа убиени 69-годишен маж и неговиот 41-годишен син. Според првичните информации на српското Министерство за внатрешни работи, двајцата најверојатно биле застрелани со огнено оружје.
Во инцидентот тешко е ранет и вториот син, стар 44 години, кој се здобил со прострелна рана. Повредена е и мајката, 69-годишна жена, со повреди на главата за кои се сомнева дека биле нанесени со тап предмет.
На местото на настанот увид извршил јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Пирот. Од полицијата соопштуваат дека едно лице е приведено во полициската станица во Бабушница за расветлување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со трагедијата.























