Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Budimpeшта ќе го искористи правото на вето и ќе блокира секоја одлука на Европската Унија што, според него, би значела понатамошна ескалација на вооружениот конфликт во Украина или директно вклучување на европските држави во војната.
„Доколку Брисел нè турне кон војна, ќе го искористиме нашето право на вето, дури и ако мора да дејствуваме сами против сите 26 други земји од ЕУ“, порача Сијарто на митинг во Ѓер, на северозападот од Унгарија.
Тој додаде дека владата нема да дозволи унгарските граѓани да бидат вовлечени во конфликтот, нагласувајќи: „Мора да ги заштитиме Унгарија и Унгарците од тоа.“























