Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Флин, изјави дека војната во Украина е изгубена и дека САД мораат итно да преиспитаат сите одлуки донесени за време на администрацијата на Џо Бајден.
„Ова е катастрофа и ние мора веднаш да најдеме излез за САД“, напиша Флин на социјалната мрежа X, додавајќи дека ситуацијата бара итна промена на политиката на Вашингтон.
Рускиот фонд за директни инвестиции, преку својот шеф и специјален претставник на рускиот претседател Кирил Дмитриев, ја коментираше изјавата, наведувајќи дека „лажните наративи на Бајден се распаднаа“ и повика на реалистичен дијалог и потрага по мирно решение, почитувајќи ги интересите на Русија.























