УТРО.мк

Албанската полиција уништи над 200.000 стебла марихуана за десет месеци

Албанската полиција уништи над 200.000 стебла марихуана за десет месеци
Vero

Во периодот јануари-октомври годинава, албанската полиција идентификувала и уништила вкупно 203.960 стебла марихуана, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Од нив, 106.894 стебла биле откриени со воздушно следење, додека 97.066 со теренски контроли.

Регион Скадар во северниот дел на земјата останува најризичен, со уништени 105.591 стебла. Во почетната фаза на одгледување биле уништени и 17.447 садници, а запленета е и поголема количина семе марихуана.

Во извештајниот период биле откриени 580 случаи на одгледување марихуана, во кои биле инволвирани 191 лице. Од нив, 106 се уапсени, 36 се приведени, 17 се бранат од слобода, а по 32 лица се трага. Генералниот директор на полицијата, Илир Прода, истакна дека споредено со истиот период минатата година, површините со ова наркотично растение се намалени, што резултирало со помал број уништени стебла и садници.

Прода додаде дека во текот на годината кривично се гонети 163 лица за злоупотреба на службена должност и непријавување кривично дело, меѓу кои селски старешини, административци, вработени во електродистрибуција и шумски инспектори.

Тој нагласи дека борбата против одгледувањето марихуана останува национален стратешки приоритет и бара континуирана меѓународна соработка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран