УТРО.мк

Украински напад со дронови – Експлозии во бизина на Москва

Украински напад со дронови – Експлозии во бизина на Москва
Vero

Украинските вооружени сили соопштија дека извршиле напад врз руска рафинерија во регионот Рјазан, во близина на Москва, наведувајќи дека акцијата е насочена кон „намалување на способноста на противникот да лансира ракети и бомби“. Информацијата беше објавена утрово на нивните официјални канали на социјалните мрежи.

Гувернерот на Рјазан, Павел Малков, изјави дека руската противвоздушна одбрана соборила 25 украински беспилотни летала над регионот во текот на претходната ноќ. Според него, нападот предизвикал пожар во објект од комплексот на рафинеријата, но нема пријавено повредени.

Нападот следи само еден ден по масовните руски воздушни удари врз станбени објекти во Киев, во кои загинаа седум лица, според официјалните украински извештаи. Тензиите меѓу двете земји продолжуваат да ескалираат со континуирани меѓусебни напади врз стратешки цели.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран