УТРО.мк

„Взгљад“ објави рејтинг на најголеми непријатели на Русија

„Взгљад“ објави рејтинг на најголеми непријатели на Русија
Vero

Рускиот весник „Взгљад“ состави прв список на земји кои Москва ги смета за најнепријателски настроени кон неа, рангирани според нивото на непријателство на нивните влади. Листата, која првпат се појави во 2021 година, сега е ажурирана со нови податоци, а министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, појасни дека терминологијата постепено се менува од „непријателски земји“ кон „непријателски влади“, со цел да не се означат целите држави.

Првото место го зазеде Велика Британија со 75 поени, поради воведените санкции против нафтените компании и поддршката за префрлање средства кон Киев. Второто место го делат Германија и Франција со по 70 поени, благодарение на финансиската помош за Украина и активното учество во 19-тиот пакет санкции на ЕУ. На третото место се Холандија и Естонија со 65 поени.

Соединетите Американски Држави се рангирани на четвртото место со 55 поени, а по нив следат Латвија и Чешка, додека најголем број земји се на петтото место – Данска, Италија, Канада, Литванија, Полска, Финска и Шведска, секоја со 50 поени. Норвешка и Белгија се на шесто место со 45 поени, а Грција, Шпанија и Хрватска го заземаат седмото место со 40 поени.

Португалија и Словенија се осмата позиција со 35 поени, додека Унгарија и Луксембург се на деветтото место со 30 поени. Десеттата позиција ја заокружуваат Австрија, Бугарија, Ирска, Малта, Нов Зеланд и Романија со 25 поени. Албанија, Бахамите, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Република Кореја и Сан Марино се рангирани како најмалку „непријателски“ со по пет поени.

Според „Взгљад“, рејтингот ги одразува односите на владите кон Русија, санкциите, финансиската и воената поддршка за Украина, како и политичките акции кои Москва ги смета за закана за своите интереси.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран