Едно лице го загуби животот во пожар кој денеска избувна на улицата Лазаревачки пат во белградската општина Чукарица. Огнот ја зафати бараката во која се наоѓало лицето, а екипата на брзата помош ја потврди смртта на местото на настанот.
Пожарникарските екипи и полицијата и понатаму вршат увид и работат на целосно гаснење и обезбедување на просторот. Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот.























