УТРО.мк

Колумбиската армија почнува операции против вооружените групи кај границата со Венецуела

Колумбиската армија почнува операции против вооружените групи кај границата со Венецуела
Vero

Колумбиската армија соопшти дека во североисточниот департмент Арука елиминирала девет бунтовници, во рамки на продолжените операции против вооружените групи кои се активни во регионот. Нападот следува неколку дена по акцијата во југоисточна Колумбија, каде беа убиени 19 бунтовници.

Претседателот Густаво Петро ја интензивираше борбата против групите вмешани во трговијата со кокаин, при што акцентот е ставен на две бунтовнички групи предводени од Иван Мордиско – еден од најбараните криминалци во земјата. Мордиско, поранешен член на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК), го одби мировниот договор од 2016 година и продолжи со вооружени активности.

САД неодамна воведоа санкции против Петро и неговите соработници, истовремено повлекувајќи ја Колумбија од статусот на сојузник во борбата против дрогата, оценувајќи дека левичарската Влада не прави доволно за ограничување на производството на кокаин. Петро, од своја страна, истакнува дека безбедносните сили користат сите достапни средства за сузбивање на вооружените групи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран