УТРО.мк

Ѓорѓиевски: „Паркот на еднаквоста“ ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар

Ѓорѓиевски: „Паркот на еднаквоста“ ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар
Vero

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го претстави идејното решение за новиот „Парк на еднаквоста“, проект кој ќе ја промовира инклузијата и пристапноста за сите граѓани.

Проектот се реализира во соработка со здружението „Икуалити“ и неговиот претседател Гере Трипков, со поддршка од Амбасадата на Република Полска. Паркот ќе нуди простори за рекреација, игра и едукација за најмладите, како и целосна пристапност за лицата со попреченост.

„Овој парк ќе биде простор на еднаквост, креативност и дружба, и ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, симболично обединувајќи луѓе и генерации. Многу брзо започнуваме со подготовките за изведба, а за еден месец очекуваме старт на градежните активности,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека проектот е уште еден чекор напред кон Скопје што ја живее еднаквоста и создава иднина по мерка на сите граѓани.

Со новиот парк, Општина Кисела Вода ќе стане модел за инклузивни и современи урбани простори, достапни за секого.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран