УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Да го вратиме достоинството на Скопје

Ѓорѓиевски: Да го вратиме достоинството на Скопје
Vero

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја започна својата кампања со порака дека започнува „голема приказна“ која ќе се пишува заедно со граѓаните.

„Овој почеток на кампањата е почеток на ново поглавје за Скопје. Ќе се сретнеме со секој од вас, ќе ги слушнеме вашите маки, ќе погледнеме на проблемите право во очи и ќе понудиме решенија. Вистинската сила е во народот, во нашите сограѓани, во секој глас кој бара подобро утре“, порача Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека Скопје заслужува да биде модерен и горд град – со чиста животна средина, развој и достоинство, нагласувајќи дека дадениот збор за него значи обврска од која нема отстапки.

„Заедно ќе изградиме град каков што заслужуваат нашите деца, нашите семејства, сите ние. Ова е моментот кога започнуваме со чисто срце, со решителност и со силна верба“, додаде Ѓорѓиевски.

Со паролите „Вистинскиот избор“ и „Најдоброто допрва доаѓа“, Ѓорѓиевски најави дека неговата визија е враќање на достоинството на Скопје и изградба на град на гордост за сите граѓани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран