УТРО.мк

Коњановски: Широк Сокак останува приоритет во развојот на Битола (ВИДЕО)

Коњановски: Широк Сокак останува приоритет во развојот на Битола (ВИДЕО)
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ја истакна важноста на Широк Сокак како најубава пешачка амбиентална улица на Балканот и како дел од приоритетите во развојот на градот.

„Широк Сокак е срцето на Битола и симбол на нашата култура и историја. Затоа останува еден од моите главни приоритети – да се одржува и развива како место достојно за граѓаните и посетителите“, изјави Коњановски.

Тој додаде дека вниманието ќе биде насочено кон зачувување на убавината, уредување на пешачките простори и создавање пријатна и безбедна средина за сите кои го посетуваат ова историско место.

Со ова, Широк Сокак ќе продолжи да биде централна точка на културниот и урбаниот живот во Битола.

Видеото може да го погледнете тука

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран