Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва никогаш не планирала напад врз земјите од НАТО или Европската унија, нагласувајќи дека секоја агресија против Русија ќе биде „решително одбиена“.
Тој потсети дека Русија повеќепати им предложила на западните престолнини правно обврзувачки безбедносни гаранции, но тие биле игнорирани. Според Лавров, заканите кон Русија стануваат сè почести, иако претседателот Владимир Путин континуирано ги отфрла таквите тврдења.
Осврнувајќи се на Блискиот Исток, Лавров изрази загриженост за обидите да се поништат резолуциите на ОН за создавање палестинска држава. Тој ги обвини и западните земји дека со политика на „саботажа“ го попречуваат договорот за иранската нуклеарна програма и нелегално враќаат санкции против Техеран.