УТРО.мк

Германија размислува за овластување на војската да соборува дронови

Германија размислува за овластување на војската да соборува дронови
Vero

Поради се почестите инциденти со беспилотни летала над Европа, Германија разгледува можност армијата да интервенира во исклучителни ситуации, ако дроновите претставуваат сериозна закана по животите или критичната инфраструктура.

Ова прашање се отвори по затворањето на аеродроми во Данска и Норвешка и забележаните дронови над најголемата данска воена база. Слични инциденти се регистрирани и во германската покраина Шлезвиг-Холштајн.

Сомнежите паѓаат на Русија, но нема јавно достапни докази. Министерот за внатрешни работи, Александер Добриндт, најави измени на законот за безбедност на воздушниот простор за да армијата може да ја поддржи полицијата при заштита од заканите со дронови.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран