УТРО.мк

Страшен земјотрес регистриран во Кина

Страшен земјотрес регистриран во Кина
Vero

Силен земјотрес ја погоди кинеската провинција Гансу, 11 повредени

Земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер ја погоди северозападната кинеска провинција Гансу, оштетувајќи покриви и рушејќи куќи. Еденесет лица се пренесени во болница, од кои пет примени на понатамошно лекување. Сите се во стабилна состојба.

Земјотресот се случи рано наутро во округот Лонгси, на длабочина од десет километри, со епицентар околу 140 километри југосоисточно од Ланџоу, главниот град на провинцијата.

Седумнаесет куќи се уништени, а над 3.500 згради се оштетени. Околу 7.800 жители од округот Лонгси и Жангсиан се евакуирани. Спасувачки екипи отстрануваат остатоци од згради и патишта.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран