УТРО.мк

Ѓорѓиевски од Карпош: Заедно ќе го вратиме достоинството на Скопје!

Ѓорѓиевски од Карпош: Заедно ќе го вратиме достоинството на Скопје!
Vero

Орце Ѓорѓиевски, денеска беше во посета на општина Карпош, каде заедно со пратеникот Тони Јаревски оствари повеќе средби со граѓаните.

„Прекрасен ден во Карпош! Одличен прием и уште посилна енергија за голема и убедлива победа,“ изјави Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека најголемата чест е да се работи за својот народ и да се биде меѓу луѓето.

Тој ја истакна запуштеноста и нефункционалноста на градот, нагласувајќи дека целта е Скопје повторно да стане град што се грижи за граѓаните и „дише со своите луѓе“.

„Имаме концепт – за три месеци целосно функционален град. Ни треба организација, работа, присутност – и тоа го носиме со нас,“ порача Ѓорѓиевски.

Во обраќањето, тој нагласи дека ќе даде сè од себе Карпош да стане уште поубаво место за живеење, додавајќи дека секогаш ќе биде присутен меѓу граѓаните и подготвен да ги слушне нивните проблеми.

„Мозаикот ќе биде целосен само ако Карпош победи масовно,“ потенцираше Ѓорѓиевски, додавајќи дека ќе има силна поддршка од Владата и премиерот Христијан Мицкоски.

„Да направиме отворен град, достапен за сите. За Карпош, за Скопје, за нашата иднина – одиме храбро!“, порача Орце Ѓорѓиевски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран