Две лица се убиени, а неколкумина се ранети во серија пукања што денес го потресоа регионот околу градот Лексингтон, Кентаки. Гувернерот на сојузната држава Енди Бешир изјави дека напаѓачот е убиен од страна на полицијата, а еден повреден полицаец е хоспитализиран и се наоѓа во стабилна состојба.
Пукањето започнало утрово на патот што ја поврзува аеродромот Блу Грас со округот Фајет, каде бил ранет полицаец. По нападот, осомничениот побегнал и влегол во баптистичка црква на Richmond Road, околу 27 километри подалеку, каде убил две лица и ранил повеќе други.
Полицијата потврди дека двата инциденти се поврзани и дека напаѓачот бил „неутрализиран“ во самата црква. Од Државната полиција на Кентаки соопштија дека нивниот припадник бил ранет од истиот напаѓач пред тој да ја започне вооружената акција во верскиот објект.
„Ве молам да се молите за сите погодени од овој бесмислен чин на насилство“, изјави гувернерот Бешир.
Сè уште не е познат мотивот за нападот, а идентитетот на напаѓачот не е објавен. Властите истражуваат детали за жртвите и напаѓачот, како и дали има дополнителни жртви покрај убиените две лица и повредените.
Истрагата е во тек, а одговорните институции најавуваат дополнителни информации во текот на денот.