УТРО.мк

Нови лоши вести за рускиот претседател: СБУ ликвидираше висок агент на руската ФСБ во операција на руска територија

Нови лоши вести за рускиот претседател: СБУ ликвидираше висок агент на руската ФСБ во операција на руска територија
Vero

Украинската безбедносна служба (СБУ) објави дека е извршена операција на руска територија во која е ликвидиран висок функционер на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) — полковникот Воронич. Според соопштението, акцијата била изведена сред бел ден и под надзор на безбедносни камери.

Украинските медиуми објавија дека двајца осомничени – маж и жена – учествувале во операцијата, со задача да го следат движењето на целта. Откако добиле координати до однапред подготвено скривалиште, таму ги чекал пиштол со пригушувач. На видеото објавено од СБУ се гледаат две тела, но засега не е прецизирано колку лица биле ликвидирани во операцијата.

Според медиумски извори, полковникот Воронич бил директно вклучен во тајни операции на ФСБ на окупираните украински територии и се верува дека бил поврзан со организирање на упади на украински сили во рускиот регион Курск во 2023 година.

По атентатот, оперативците се обиделе да побегнат, но биле лоцирани од украинските служби и руската полиција.

СБУ, која формално е задолжена за државна безбедност и контраразузнавање, во изминатите две години презеде и офанзивна улога во конфликтот со Русија. Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, украинската служба е инволвирана во повеќе операции на руска територија, вклучително и саботажи и атентати врз високи руски функционери и воени објекти.

Во меѓувреме, Русија продолжува со засилени воздушни напади врз Украина. Во последната недела беа регистрирани нови дронски напади, вклучително и врз главниот град Киев.

СБУ ліквідувала кілерів, які убили полковника Служби безпеки у КиєвіСпецоперацією з пошуку вбивць українського захисника особисто керував голова СБУ, генерал-лейтенант Василь Малюк.pic.twitter.com/fYzHqAYr8w— СБ України (@ServiceSsu)July 13, 2025

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран