УТРО.мк

Хорор летување во Црна Гора: Девојка од Србија доживеала шок по пристигнувањето

Хорор летување во Црна Гора: Девојка од Србија доживеала шок по пристигнувањето
Vero

Летниот одмор во Црна Гора за една девојка од Србија се претворил во вистински кошмар, откако сопствениците на сместувањето ѝ сместиле свои роднини во собата што таа ја платила како приватна. Инцидентот се случил во Улцињ, а девојката своето искуство го споделила преку видео на TikTok, кое за кратко време станало вирално.

„Платив за посебна соба, а ме ставија со нивните роднини. Собата имала четири кревети и тие решиле да ја пополнат со луѓе што немале каде да одат“, раскажува таа. Освен непријатното изненадување со несаканите цимери, таа наишла и на сериозни проблеми со хигиената и инфраструктурата во објектот.

„Машината за перење не работи, кадата тече, се шири смрдеа, електричните уреди се расипани, постојано паѓаат осигурувачи, па нема струја во целата куќа, а ни вода“, вели таа.

Сопствениците, наместо да понудат решение, ја терале да пере облека кај соседи и ѝ кажале: „Ако не ти се допаѓа – спиј на плажа!“

„Пијани изнајмуваат, земаат пари, ве навредуваат и ве оставаат на улица. Не дај Боже никому да му се случи ова“, завршува таа во видеото што ја подигна јавноста и ги отвори прашањата за контролата и регулацијата на приватното издавање сместување на црногорскиот приморски пазар.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран