УТРО.мк

ДУИ: „Охридско лето“ без албанска култура – уште едно сведоштво за системско исклучување

ДУИ: „Охридско лето“ без албанска култура – уште едно сведоштво за системско исклучување
Vero

Оваа година, државната манифестација „Охридско лето“, финансирана од јавните институции на земјата, се одвива без никакво присуство на албанската култура во официјалната програма. Во држава каде што Албанците претставуваат значаен дел од населението и културниот живот, целосното исклучување на секој албански елемент од еден национален фестивал е неприфатливо и загрижувачко.

Официјалната програма на „Охридско лето“ вклучува концерти, театарски претстави и специјални вечери посветени на европските култури, но нема ниту една музичка, театарска или изложбена активност која го претставува богатото албанско културно наследство. Овој културен молк е сам по себе порака за исклучување и доказ дека односот кон албанската култура во државните институции е маргинализирачки, а не претставнички.

Иронично, фестивалот беше отворен во присуство на претседателот на Република Албанија, г. Бајрам Беџаj, но тоа не беше доволно за организаторите да размислат за вклучување на албанскиот јазик и култура во програмата. Не само што нема присуство на албански уметници, туку целосно недостасуваат точки кои би ја отсликале албанската идентичност, традиција и современа уметничка креација во Северна Македонија.

Албанската култура е и треба да биде природен дел од секој национален културен настан. Нејзиниот изостанок од ваков настан не е само организациско прашање, туку показател за исклучувачка политика која се продлабочува во институционалниот систем на културата.

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради ваквиот исклучувачки пристап и повикува одговорните институции да дадат објаснувања за ова целосно занемарување. Владата, Министерството за култура и раководството на фестивалот мора да сносат одговорност за недостигот на претставеност на еден од клучните заедници во државата, не само во јазикот, туку и во духот, уметноста и идентитетот.

ДУИ ќе продолжи да го штити културниот диверзитет и, во тој контекст, достоинственото претставување на албанската култура на сите институционални нивоа, со увереност дека културата не исклучува, туку е столб на соживотот и општествениот развој, стои во соопштението на Демократската унија за интеграција.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран